сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 26
home ТВ и Филм

Лајонсгејт: Ќе има женско продолжение на филмовите Џон Вик

Лајонсгејт: Ќе има женско продолжение на филмовите Џон Вик

Продукциската куќа Лајонсгејт најави „женско продолжение“ на филмскиот акционен хит-серијал „Џон Вик“.

Режисерската палка му припадна на Лен Вајсмен. Во оригиналните три дела, главната улога ја имаше Кијану Ривс. Четвртиот филм е насловен „Балерина“. Познато е и дека сценариото ќе го пишува Шеј Хатен.

Проектот е во претпродукција и не се откриваат повеќе подробности.