вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 129
home ТВ и Филм

Кристијан Голубовиќ збесна, па за малку не крена рака на женско: Обезбедувањето ја спаси Миљана Кулиќ да извлече „жива глава“ (ВИДЕО)

Кристијан Голубовиќ збесна, па за малку не крена рака на женско: Обезбедувањето ја спаси Миљана Кулиќ да извлече „жива глава“ (ВИДЕО)

Кристијан Голубовиќ и Миљана Кулиќ за малку ќе направеа од „играчка – плачка“! Причината за кавгата меѓу нив беа коментарите на Миљана дадени за Звездана Стевановиќ заради нејзиното пеење.

На тоа реагираше Кристијан и обајцата почнаа да се навредуваат и полеваат со пијалак. Повредената суета на „жестокото момче“ од белградскиот асфалт не му дозволи да премолчи, па во еден момент вербалните навреди имаше опасност да прераснат во физичка пресметка.

Имено, за време на конфронтацијата, Кристијан скокна од столчето да ја „превоспита“ Миљана, на што обезбедувањето мораше да реагира.

„Дали ми пцуеш мајка заради моето мислење?“- го праша Миљана, откако Голубовиќ жестоко ја навредуваше и ја полеваше со пијалак, додека обезбедувањето едвај успеваше да го додржи да не ја нападне.

„Ќе гребеш по портата до крај“ – врескаше Кристијан, додека Миљана не престануваше да возвраќа со навреди, дополнително провоцирајќи го: „Насилнику немој да ме полеваш, олошу ортодоксен, клошару еден смрдлив…“ -повторуваше таа.  

Жестоката дискусија продолжи и  подоцна, пред пабот, каде Кристијан и забрани влез на Миљана. Во еден момент, кога таа сакаше да влезе, Кристијан излезе од пабот, пред кој стоеше Миљана Кулиќ со Филип Цар, каде што почна одново да го провоцира:

Што е насилнику, те смирија?! Ти дадоа таблети? Да те е*ам во уста“, го навредуваше Миљана сега веќе смирениот Кристијан.

Коронавирус