недела, 18. август 2019. Вести денес: 67
home ТВ и Филм

„Кралот лав“ со заработени 531 милион долари сруши многу рекорди

„Кралот лав“ со заработени 531 милион долари сруши многу рекорди

Новиот хит на „Дизни“, „Кралот лав“, со заработката овој викенд сруши повеќе рекорди. Тој донесе приход од 185 милиони долари во Северна Америка и го надмина рекордот на „Хари Потер“ според заработката во првите три дена откако беше ставен на репертоар.

Римејкот на анимираниот класик од 1994, во режија на Џон Фавро, заработи 531 милион долари на светско ниво во првите 10 дена од прикажувањето, имајќи предвид дека во киносалите во Кина дојде една недела порано.

„Кралот лав“ го имаше деветтото најдобро отворање на сите времиња и најдобро во САД во јули, надминувајќи го рекордот на „Хари Потер и Реликвиите на смртта, втор дел“ од 169,1 милион долари.

Исто така, „Кралот лав“ е лајв екшн филм на „Дизни“ кој најбрзо заработи пари, надминувајќи го „Убавицата и ѕверот“ со неговите 174,7 милиони долари.

Новите успеси веќе го прават „Кралот лав“ седми најдобар филм за оваа година.