среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 37
home ТВ и Филм

Кралицата Елизабета го забрани овој документарец, но по 50 години сите гледаа што сакала да сокрие

Кралицата Елизабета го забрани овој документарец, но по 50 години сите гледаа што сакала да сокрие

Документарец забранет од кралицата Елизабета во 1972 година, по 49 години протече на Јутјуб.

Документарецот од 90 минути беше најголемата телевизиска тајна во последните пет децении. Во него се појавуваат младиот принц Чарлс и принцот Филип.

Кралицата Елизабета првично нарачала документарен филм од националната телевизија БиБиСи со цел да покаже дека кралското семејство не се разликува премногу од обичниот свет поради критиките дека другите високи членови се премногу дистанцирани и студени во однос на јавноста, но крајниот резултат не ѝ се допаднал.

Таа се плашела дека на овој начин ќе биде разбиена мистеријата на кралското семејство во очите на граѓаните на Англија.

По 49 години, документарецот стана достапен на Јутјуб под името „Кралско семејство“, но многу брзо беше отстранет од платформата. Имено, Би-Би-Си, кој располага со правата на снимката, побара отстранување на документарецот врз основа на заштита на авторските права.

Филмот кој трае 110 минути во 1969 година го гледале 30 милиони луѓе и сè уште се смета за една од најгледаните британски телевизиски емисии.

Би-би-си проценува дека го виделе повеќе од 350 милиони луѓе ширум светот.

Неговата продукција неодамна беше прикажана во серијата „Круната“ (The crown) на „Нетфликс“, која го покажува незадоволството на благородниците поради поставувањето на ТВ камери во нивните простории.

ЕУРО 2020

Македонија