петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 108
home ТВ и Филм

Крајот на една ера: Нема повеќе Викторија сикрет шоу

Крајот на една ера: Нема повеќе Викторија сикрет шоу

По 24 години, официјално е откажана модната ревија на брендот Викторија сикрет.

Компанијата што ја произведува оваа долна облека објави дека годинава нема да се одржи модна ревија, а одлуката е донесена затоа што компанијата сака да изнајде нов начин на комуникација со купувачите.

Компанијата веќе извесно време се труди да се снаоѓа во сегашните услови кога физичката разновидност е инклузивност им се се поважни на потрошувачите.

Брендот стекна популарност на сосема поинакви темели – нивните манекенки секогаш беа само најзгодните жени во модната индустрија со тела без никаква маана.

Сега сфатија дека тоа треба да се промени, а почнаа да ангажираат и плус-сајз модели.

 

Коронавирус