четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 34
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home ТВ и Филм

Кога беровка ќе успее во Скопје: Јелена Спенџарска – „скромна“, среќна и… сама! (ФОТО)

Кога беровка ќе успее во Скопје: Јелена Спенџарска – „скромна“, среќна и… сама! (ФОТО)

Не е никаква тајна дека „половина Македонија“  се пресели во Скопје. За жал, тоа е судбината на големите градови, ама и данок на нерегулираната миграциона политика на власта и локалната самоуправа,  погубна по малите народи. Во Словенија на пример, можеш да си од Марибор, Цеље, Велење, Ново Место и без проблем да работиш во Љубљана, ама не и да бидеш нејзин жител по лична карта. Едноставно, политиките и стандардите на нивната локална самоуправа тоа не можат да го издржат, а со самото тоа и да си го дозволат!

Стандардите пак, на многу од оние што „од вчера“ станаа скопјан(к)и  им пораснаа преку ноќ, па им  станаа многу високи, недопирливи… Особено кога се работи за јавните личности. Зашто речиси и не остана  медиум во кој 2/3 од „персоналот“ не се „натуриализирани скопјан(к)и“… А колку подолго си во престолнината – толку повеќе ти растат стандардите… и апетитите! Така барем некои од нив си мислат и себе си се замислуваат.

Еклатантен пример, водителката на утринската програма на ТВ „Канал 5“, Јелена Спенџарска! Како минуваат годините, а времето за мажење се приближува, толку повеќе самодоовербата станува „поголема“, а јавните изливи на самобендисаност, се’ „поскромни“! Не заради друго, туку  заради „стандардите“, Спенџарска никако да влета во сериозна врска и прилика за потенцијална мажачка! До душа не дека немаше понуди… И тоа отворени, како понудата, ако се сеќавате на Марјан Трајчев, овчарот од с. Пухче?  Еееее… ама Пухче не Скопје… Ниту тоа ниту кандидатот не ги исполнуваат високи стандарди на водителката!

Впрочем, последниот статус на Спенџарска на една од социјалните мрежи јасно говори „што ја кочи“ високата беровка да го смени „сингл“ стаусот!

„Луѓето многу често знаат да ми кажат – ‘Ако не си ги симнеш стандардите- цел живот ќе го поминеш сама.’ Аман бе…. Испаѓа дека тоа што сум здрава, среќна, финансиски независна и исполнета жена е многу полошо од тоа да бидам заглавена во некоја емотивно неисполнета врска со некој кој му е тешко да ме разбере и никако да најдеме заеднички јазик.
Без навреда, ама подобро да бидам среќна отколку да бидам во врска само затоа што вие сте во врска или ‘треба/мора’ да бидам во врска“.

Дотогаш „скромната“ беровката која успеала во Скопје, останува „сингл“… Среќна и сама! До душа и Марјан од Пухче се’ уште е ерген, ама никој никого вечно нема да чека… да му паднат стандардите!

Та бил од Пухче, Берово или Скопје! Зашто многу дискутабилно прашање е… дали никогаш не е доцна?

 

извор: vistina.com.mk