четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 92
home ТВ и Филм

Ќе ве полазат морници: Убавиот актер изгледа страшно во улогата на Џокер, ова се деталите за продолжението

Ќе ве полазат морници: Убавиот актер изгледа страшно во улогата на Џокер, ова се деталите за продолжението

Режисерот Зек Снајдер на Инстаграм објави фотографии од новиот Џокер, со што на јавноста официјално и обзнани дека актерот Џеред Лето повторно ќе го глуми овој легендарен филмски негативец.

Лето го глумеше овој лик и во „Одредот на отпишаните“ од 2016 година, но не и во вториот дел. Наместо тоа, Лето глуми во новото, исто така овогодишно продолжение, на филмот „Лига на правдата“ што е во постпродукција и прикажувањето е закажано за 18 март.

Според објавените фотографии, Џокер повторно ќе има долга масна коса, препознатливото избелено лице и шминка околу устата и очите, но и гумени ракавици и бела тоалета, што е новост.

-Трикот на таа сцена со Џокер е дека тој разговара директно со Бетмен за Бетмен – вели Снајдер за „Венити фер“.

-Џокер го анализира Бетмен околу тоа – кој е и што е, а „Џокерот“ Џеред Лето и „Бетменот“ Бен Афлек никогаш не се сретнале, што е неправда и јас решив дека ќе ја коригирам, објаснува режисерот.

ЕУРО 2020

Македонија