Филмот „Џокер” ги руши сите рекорди на гледаност, а режисерот Тод Филипс ги израдувал обожавателите со изјавата дека би вредело да се сними и негово продолжение.
Иако моментално не работи на тоа, Филипс изјавил дека би се согласил на тоа само доколку во главната улога повторно се најде маестралниот Хоакин Феникс.
-Тоа не би можело да биде само див и луд филм за „Принцот на криминалот”. Би морал да има некаква тематска резонанца на сличен начин како што има првиот филм. Толку филмови ја спомнуваат искрата, но Џокер е барутот. Ако сме во состојба повторно да го направиме сето тоа во продолжение, би било многу интересно, изјавил режисерот.
Шпекулациите за продолжение на филмот започнаа во август, а Тод тогаш изјави дека ќе направи сè за Феникс повторно да ја оствари улогата на Џокер.
„Џокер” заработи над милијарда долари и е третиот најголем филм на “DC” за стрип-јунаци, односно негативци по “Dark Knight Rises” кој заработи 1,084 милијарди долари и “Aquaman” кој заработи 1,140 милијарди долари.