четврток, 4. март 2021. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Ќе почекате за да го гледате новиот „Џејмс Бонд“, премиерата повторно одложена

Ќе почекате за да го гледате новиот „Џејмс Бонд“, премиерата повторно одложена

Прикажувањето на новиот „Џејмс Бонд“ филм – „Нема време за умирање“ (No Time to Die), e повторно одложенo – овојпат за 8 октомври, oвaa 2021 година.

Последната инкарнација на Даниел Крејг како „агентот 007“ првично требаше да се појави во кината во октомври 2019 година, но беше одложена неколкупати – прво поради промена на режисерот, а потоа и поради коронавирусот. И низа други филмови се одложени поради пандемијата.

„Ворнер брос“ претходно веќе еднаш најави планови за интернет-премиери на сите свои филмови во 2021 година во истовреме како и во киносалите на САД.

Сепак, креаторите на „Нема време за умирање“ во мигов ја исклучуваат можноста филмот да биде првично објавен на некоја стрим-платформа. Гласноговорик на „Метро Голдвин Мејер“ за списанието „Варајети“ во октомври изјави дека студиото сака „да го зачува киноискуството“ за обожавателите а „Џејмс Бонд“ филмовите.

Коронавирус