петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home ТВ и Филм

Ќе ги раздели ли Пени и Ленард: Доаѓа нов лик во популарната ТВ серија

Ќе ги раздели ли Пени и Ленард: Доаѓа нов лик во популарната ТВ серија

Иако се ближи финалето на ТВ серијата “The Big Bang Theory”, продуцентите во последен момент успеале да вметнат еден нов лик.

Во последната сезона, јавноста ќе ја запознае идната сопруга на Зек, поранешниот сопруг на Пени, која ќе ја игра актерката Линдзи Крафт. Тие двајца од Пени и Ленард ќе бараат голема услуга – бидејќи сакаат дете, а Зек е неплоден, тие ќе се одлучат да го замолат Ленард за помош.

Во ТВ серијата веќе е познато дека Ленард силно сака да има деца, а Пени е помалку склона кон таа намера, па затоа обожавателите прогнозираат дека оваа молба би можела да предизвика раздор помеѓу нив и дури се плашат дека одлуката би можела да значи и крај на омилениот пар.

Продуцентот Чак Лори најавил дека последната сезона ќе биде исполнета со меланхолија.

“Овој проект траеше 12 години во кој имаше многу радост. Ќе биде многу, многу тажно кога ќе заврши”, изјавил Лори за “Deadline”.

Коронавирус