вторник, 20. август 2019. Вести денес: 118
home ТВ и Филм

Како Хали Бери се подготвуваше за „John Wick 3“?

Како Хали Бери се подготвуваше за „John Wick 3“?

Викендов низ светските киносали премиерно ќе почне да се прикажува „John Wick: Parabellum”, третиот дел од акционата франшиза со Кијану Ривс во главната улога. Овојпат, наместо да се фокусираме на него, ќе ви покажеме како неговата колешка Хали Бери се подготвуваше за филмот.

Дури и на 52 години, Хали Бери покажува колку е посветена на својата работа и дава сѐ од себе за потребите на секоја улога. Бидејќи се работи за акционен филм, таа мораше да го помине специјалниот курс за ракување со оружје и пукање во мети, па го направи токму тоа.

Погледнете како помина нејзината вежба.