недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Како Џенифер Лопез се подготвуваше за улогата на стриптизета во „Hustlers“?

Како Џенифер Лопез се подготвуваше за улогата на стриптизета во „Hustlers“?
Constance Wu and Jennifer Lopez star in HUSTLERS

Напорните тренинзи не се ништо ново за Џенифер Лопез која речиси целиот нејзин живот активно се занимава со спорт и танцување, но играњето на шипка што требаше да го совлада за улогата на стриптизета во филмот „Hustlers“, дефинитивно беше нешто ново за латино дивата.

Пред да почне со снимање на акционата драма „Hustlers“, што веќе ја освојува филмската публика ширум светот, Џеј Ло сакала да ги научи сите акробации и движења околу шипката. Вели дека воопшто не било лесно, иако изгледа лесно кога таа го покажува и го прави тоа.

Намонтирала шипка во сите нејзини домови – во Лос Анџелес, Мајами и во Њујорк – за да може да вежба секогаш и секаде.

Десна рака во подготовките ѝ била стриптизетата Џоана Сапаки.

По часовите со неа, Џеј Ло напорно вежбала и сама и дала сѐ од себе да ја долови улогата што е можно поуверливо.

Constance Wu and Jennifer Lopez star in HUSTLERS

Во „Hustlers“ Лопез ја игра Рамона, главната стриптизета која најмногу заработува во клубот каде што работи. Филмот е базиран на приказната за стриптизетите од Њујорк кои ги надмудрија богаташите од Волстрит.

„Hustlers“ имаше одличен прв викенд по премиерата и заработи 33,2 милиони долари, што е најдобро филмско деби на 50-годишната Џеј Ло досега.

Филмот пред кинопремиерата ја освои публиката на Филмскиот фестивал во Торонто и по викендов има 88% позитивни критики на RottenTomatoes.

Многумина предвидуваат номинации за Оскар за филмот и за Лопез.