сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 83
home ТВ и Филм

„Каде е милионот?“: Лила Филиповска откри дали ќе има нова сезона на „Се или нешто“

„Каде е милионот?“: Лила Филиповска откри дали ќе има нова сезона на „Се или нешто“

Иако календарски се уште е лето, летните одмори веќе завршија, а многумина се вратија на своите секојдневни обврски.

Македонската водителка на „Се или нешто“, Лила Филиповска  ова лето имаше од се по нешто, па така летниот период и паузата од снимања на квизот ги искористи за да одмори на неколку дестинации и да ги полни батериите за новите предизвици кои започнаа со месец септември.

Меѓутоа, неодамна нејзиниот добар пријател Бојан Јовановски или познат како Боки 13 беше уапсен поради случајот „Рекет“, а се пишуваше и дека во моментот кога бил уапсен на граница со него и била Лила Филиповска.

 

 

View this post on Instagram

 

🌴🌴🌴 #summer #montenegro #tivat #sea #love #beautifuldestinations #travel #traveler

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

Лила не се огласи по овие пишувања, меѓутоа деновиве таа беше повикана да сведочи во ОЈО. По излегувањето од Јавното обвинтелство, Лила ги избегна новинарските прашања дали таа била со Боки кога го уапсиле и дали му позајмувала пари.

„Само давав изјава, што треба да знаете ќе ви каже јавното обвинителство“ беше кратка водителката.

Иако можеби многумина се прашуваа дали ќе има нова односно 9 сезона на забавниот квиз „Се или нешто“, Лила преку социјалните мрежи сподели дека започнале снимања.

Имено, во кратките приказни на „Инстаграм стори“, Лила објави снимка од студиото на Сител каде се снима квизот, а прашањето е исто “Каде е милионот?“.

Наскоро започнува новата сезона на „Се или нешто“, а дали некој конечно ќе го освои милионот останува да видиме.