понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 62
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home ТВ и Филм

Изолацијата му донесе рекорден раст на приходите на „Нетфликс“

Изолацијата му донесе рекорден раст на приходите на „Нетфликс“

Американската платформа „Нетфликс“, една од најпопуларните светски услуги за стриминг, забележа рекорден раст и пораст на претплатниците во првиот квартал од оваа година.

Според американските медиуми, „Нетфликс“ ги објави своите податоци за заработка во првиот квартал од оваа година веднаш по затворањето на берзата.

Приходот на компанијата за првите три месеци од 2020 година е 5,77 милијарди американски долари, што претставува раст од 1,25 милијарди од првиот квартал во 2019 година и 300 милиони повеќе од четвртиот квартал од минатата година.

Растот на „Нетфликс“ е очигледен и во двете споредби, што се совпаѓа со предвидувањата, но особено со глобалната криза поради пандемијата со коронавирусот и мерките за изолација на граѓаните во многу земји.

„Нетфликс“ исто така, објави зголемување на претплатите на 15,7 милиони профили, што претставува најголем квартален раст во историјата на компанијата.

Коронавирус