сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 27
home ТВ и Филм

Издадена книгата „Појраз Карајел“: Згодите и незгодите на Појраз, Ајшеѓул и другите ликови од „Мојот син“ на парче хартија

Со оваа книга ќе бидат запамтени и незаборавните карактеристики на истоимената серија како што се: свечените говори на Појраз, глобалниот капитализам на Зулфиќар, советите на татко Бахри...
Издадена книгата „Појраз Карајел“: Згодите и незгодите на Појраз, Ајшеѓул и другите ликови од „Мојот син“ на парче хартија

Издавачката куќа Dogan kitap во соработка со Етхем Озишик (сценаристот на серијата “Мојот син”) ја издаде книгата со наслов „Појраз Карајел: Нека се случи некое чудо“. Книгата е составена од сценаријата за првите 55 епизоди од серијата, пишува порталот „ТВпакет.мк“.

Со овој гест. Во печатена форма ќе останат запамтени ликовите како што се: „Сите се индијанци“ – Појраз, најубавата на светот – Ајшеѓул, татко над татковците – Бахри, лидерот – Сема, неразделната тројка – Зулфиќар, Тврдоглав и Сефер, бомба која секогаш е спремна за експлодирање – Садретин, потпалувачот на секоја караница и зачинот во секоја чорба – Сонѓул, едните и единствените соседи на Појраз – Полковникот, Имран и Иса, единецот на тато – Синан, „Бог нека те казни“ – Мумтаз и други.

Со оваа книга ќе бидат запамтени и незаборавните карактеристики на истоимената серија како што се: свечените говори на Појраз, глобалниот капитализам на Зулфиќар, советите на татко Бахри, дијалозите помеѓу Ајшеѓул и Појраз полни со љубов, исклучителната бистрина на Синан, неочекувана за едно дете, ставот на Сема во мафијашкиот свет, разговорите меѓу Зулфиќар, Тврдоглав и Сефер, исклучително забавните домашни задачи на Иса и Појраз, бескрајните кавги помеѓу Садретин и Сонѓул, незаборавните натписи на ѕидот од зградата на Појраз и уште многу други спомени, згоди и незгоди.

 

Коронавирус