среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 131
home ТВ и Филм

„Ирецот“ е најдобар филм за годинава

„Ирецот“ е најдобар филм за годинава

„Ирецот“ (The Irishman) на режисерот Мартин Скорсезе е прогласен за најдобар филм за 2019 година од страна на Организацијата на њујоршките филмски критичари. Џо Пеши е најдобар спореден глумец за истиот филм.

Македонскиот документарен филм „Медена Земја“ ја доби наградата за најдобар документарец.

Други поважни награди:

Најдобра главна машка улога: Антонио Бандерас за улогата во „Болка и слава“ (Pain And Glory).

Најдобра глумица: Лупита Њонго за „Ние“ (Us).

Најдобар режисер: Џош и Бени Сафди за филмот „Небрусени камења“ (Uncut Gems).

Најдобра споредна женска улога: Лора Дерн, за два филма: „Приказна за бракот“ и „Мали жени“ („Marriage Story“ и „Little Women“).

Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје: „Паразит“.

Најдобар прв филм: „Атлантик“ (Atlantique).