понеделник, 19. април 2021. Вести денес: 176
home ТВ и Филм

Имаше одлични настапи, а потоа направи грешка: Се огласи талентираната Македонка од „Ѕвездите на Гранд“

Имаше одлични настапи, а потоа направи грешка: Се огласи талентираната Македонка од „Ѕвездите на Гранд“

Во третиот круг на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, кандидатката Мими Јовановска од Велес ги освои сите шест гласови од жирито и директно се пласираше во четвртиот круг.

Тогаш таа со својот вокал ги увери српските ѕвезди во улога на судии, дека пеењето е нејзина силна страна.

Марија Шерифовиќ и кажа дека пее точно како швајцарски часовник, додека Вики Миљковиќ и рече дека нејзиното пеење е како лек за душа. Но, во своето најново претставување во четвртиот круг, младата 20 годишна велешанка потфрли во изведбите.

Имено, ментор на Мими е познатиот пејач Џенан Лончаревиќ, па по се изгледа не му појде од рака да ги изберат вистинските песни кои и одговараат на Мими.

Овој пат таа доби само три гласа, но за среќа се извади поради претходното одлично претставување, па Саша Поповиќ и даде зелена карта за понатаму. Незадоволството на лицето на натпреварувачката беше очигледно, но веројатно оваа ќе и биде дополнителен поттик за следното претставување.

Коронавирус