четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 67
home ТВ и Филм

„Игра на тронови“ со 32 номинации за наградите „Еми“

„Игра на тронови“ со 32 номинации за наградите „Еми“

Kултната серија „Игра на тронови“ (Game of Thrones) чие емитување заврши неодамна со прикажувањето на осмата и последна сезона, продолжува да урива рекорди.

Имено серијата оваа година има 32 номинации за ТВ- наградите „Еми“, што е нов рекорд. Деветмина актери од серијата ќе се борат за престижната награда, Кит Харингтон и Емилија Кларк се во конкуренција за најдобри актери, четири актерки ќе се борат за најдобра женска споредна улога, а тројца актери за најдобра машка споредна улога.

Рекордот со најмногу номинации во една година до сега го држеше серијата „Њујоршките сини“ која во 1996 година имаше 26 номинации.

Покрај номинацијата во категоријата Најдобра драмска серија, меѓу другите, серијата доби номинации за Кит Харингтон и за Емилија Кларк.

Крвавата сага го засени рекордот од 27 номинации на NYPD Blue поставен во 1994 година.

Со „Game of Thrones“ HBO ја врати доминацијата над Netflix, стриминг платформата што лани владееше со номинациите за престижните награди.