понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 58
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home ТВ и Филм

И „Преспав“ е во карантин: Хаос и паника поради двајца суспектни на коронавирус (видео)

И „Преспав“ е во карантин: Хаос и паника поради двајца суспектни на коронавирус (видео)

Корнавирусот не го одмина ниту „Преспав“, па мораа да прогласат вонредба ситуација, да го стават пансионот под клуч во карантин, а затечените внатре да ги почитуваат мерките спроведени од главниот – инспектор Томе.

Приказната почнува од мераклијата Коста, кој масирал една од гостинките, која пак наводно се заразила од корона од нејзиниот љубовник од Италија.

По ваквите сознанија, инспектор Томе дојде да додели заштитна опрема, да им измери температура и да им каже дека нема мрдање.

Од сите затекнати, Косата телесно гореше, е сега дали од сончање на плажа или од згодната гостинка, и самиот не знаеше.

Останатите беа во паника, други си бркаа бизнис од ситуацијата, за на крај да стигнат тестовите и да излезе дека сите се негативни освен брат Миле кој веќе бил болен од корона и пренесен во битолската болница.

Се’ на се’ една урнебесна епизода која во ова лошо време за сите, преспавци ќе ве изнасмеат од душа.

Инаку, епизодата Преспав „КОВИД еден без дваесет” е специјална епизода со хумор и ведрина како добра емотивна поддршка во овие моменти кои бараат солидарност и заедништво. Епизодата се емитуваше на првиот канал на МТВ вчеравечер на 26 април, недела.

Му се заблагодарувам на тимот кој работеше напорно изминативе денови за да се случи Преспав „КОВИД еден без дваесет“ на спонзорите и пријателите на „Преспав“, на вработените во МРТ и секако на нашите најблиски за безрезервната поддршка – објави продуцентот на серијата.

Епизодата се реализираше од 21.04.2020 до 24.04.2020 во студијата на МРТ, при што покрај стандардите за продукција на ТВ програма во услови на пандемија, преземени беа дополнителни мерки за заштита на сите вклучени во продукцијата, според препораките на СЗО. Целиот тим работеше на епизодата волонтерски и доброволно, а средствата собрани од маркетинг пораките во епизодата ќе бидат уплатени на сметката на Фондот за борба против COVID-19.

Коронавирус