понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 276
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home ТВ и Филм

Хју Џекман ќе го игра Енцо Ферари во филмот за основачот на италијанскиот гигант

Хју Џекман ќе го игра Енцо Ферари во филмот за основачот на италијанскиот гигант

Хју Џекман ќе ја игра улогата на Енцо Ферари во новиот филм на Мајкл Ман, едноставно наречен „Ферари“.

Џекман (51) ќе има тешка задача да ја долови животната приказна на основачот на емблематичната автомобилска компанија од Италија.

Мајкл Ман го преработил сценариото за филмот, напишано од Трој Кенеди Мартин, и фабулата ја изградил врз книгата „Енцо Ферари: Човекот и машината“.

Овој свој најнов проект Ман пред дистрибутерите ќе го претстави на виртуалниот пазар во Кан, а филмот е планиран да почне да се снима следната пролет.

„Ферари” ќе го раскажува летото 1957 година, кога компанијата на Енцо била исправена пред банкрот и неговиот брак со сопругата Лора му бил на  работ од пропаст.

Ман со години назанад сака да работи на овој проект. Тој исто така ќе создаде флота од копии на тркачките автомобили од епохата на времето за кое филмот ќе раскажува. (МИА)

Парламентарни избори 2020