среда, 25. мај 2022. Вести денес: 151
home ТВ и Филм

Хали Бери во нов психотрилер

Хали Бери во нов психотрилер

Хали Бери ѝ се придружи на филмската екипа на „Мајката земја“ (Mother Land) на „Лајонсгејт“. Режисер на проектот што ќе почне да се снима следната година е Французинот Александар Ажа, можеби најпознат по хорор-хитовите „Ридовите имаат очи“ и „Пирана 3-Д“, објави БГНЕС.

Приказната е за мајка и нејзините синови близнаци, кои со години ги мачи зол дух, а тоа води кон борба за живот и опстанок. Претседателката на продукциската куќа „Лајонсгејт“, Ерин Вестерман изјави дека ѝ било задоволство и „возбудливо“ што повторно ќе работи со Хали и Александар Ажа.

– Хали е убедлива на екранот – таа е совршена личност која може да го пренесе психолошкиот ужас на една мајка која се обидува да го заштити своето семејство, вели Вестерман.

Хали Бери, иинаку, годинава е актуелна со сличен трилер под наслов „Мајчинство“ (The Mothership), режиран од Мет Черман. Филмот е во пост-продукција и треба да се појави во кината подоцна годинава.

Бери го имаше своето режисерско деби Лани со филмот „Модринки“ (Bruised), каде што и глумеше, па потоа нагласи дека ѝ се допаѓа и „дефинитивно сака повторно“ да се најде зад камерата.

Коронавирус