петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 87
home ТВ и Филм

Грешка во „Игра на тронови“: Фановите беа повеќе од лути заради оваа сцена (ВИДЕО)

Грешка во „Игра на тронови“: Фановите беа повеќе од лути заради оваа сцена (ВИДЕО)

Фановите на серијата „Игра на тронови“, ја забележаа грешката во 5-та епизода од осмата сезона која не им се допадна, а друштвените мрежи веднаш беа преплавени со коментари.

Сите верни фанови на оваа серија знаат дека Џејми Ленистер во текот на серијата остана без десната рака, што му претставува голем проблем во борбите.

Сепак во еден момент додека ја прегрнува својата избраничка, на Џејми му се појавува неговата десна рака во кадарот. Фановите веднаш почнаа да пишуваат како оваа грешка во серијата е недопустлива.