понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 139
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home ТВ и Филм

Го знаеше одговорот за да стане милионер, но немаше храброст да го изговори (ВИДЕО)

Го знаеше одговорот за да стане милионер, но немаше храброст да го изговори (ВИДЕО)

Натпреварувачот на британското издание на квизот „Кој сака да биде милионер”, Ендрју Таунсли го знаеше одговорот на последното прашање, но немаше храброст да ја ризикува веќе освоената сума и се откажа.

Стигајќи до самиот крај, Таунсли освои половина милион фунти и можеше да ја удвои таа сума. Сепак, ако одговорот беше погрешен, тој ќе добиеше само 64.000 фунти.

Прашањето беше: „Во историјата на мотоспортот, која од овие историски трки се одржа прва?“, секако, со понудени четири одговори. Натпреварувачот не го кажа одговорот, па го искористи и џокерот „Повикај пријател“, што сепак, не му помогна.

Потоа Таунсли реши да не ризикува и ја напушти играта со дотогаш освоените 500.000 британски фунти. Домаќинот потоа го замоли да избере еден од одговорите и тој погоди.

За британски „Мирор”, Таунсли го призна своето разочарување од тоа дека немал храброст да ризикува.

Точниот одговор е: „Островот Мен ТТ“.

Коронавирус