понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 134
home ТВ и Филм

Гледачи згрозени од новиот хорор на Нетфликс: Не се заеб**ај со мачките

Гледачи згрозени од новиот хорор на Нетфликс: Не се заеб**ај со мачките

Нoвата документарна серија „Don’t F**k With Cats“ (Не се заеб**ај со мачките), на Нетфликс, е толку вознемирувачка, што некои, наводно, по само неколку минути гледање морале да сменат канал.

Документарецот во три дела говори за канадскиот убиец психопат Лука Магнота, кој 2010 година објавуваше снимки на интернет како убива животни. Потоа тој, на интернет-страница за состаноци најде и човечка жртва – кинескиот студент Лин Џун, кој заврши исто како и животните. Магнота го убил и го исецкал на делови.

„’Don’t F**k With Cats’ e една од најужасните, најстресни, најнеочекувани ТВ емисии што кога било сум ги погледнал во животот“, „Штотуку завршив со гледањето на ’Don’t F**k With Cats‘ и по неа јас веќе не знам каде сум”, „Длабоко сум вознемирена, но и натаму не можам да престанам да гледам”, се дел од реакциите на твитерџиите.

– Она што мене ми е фантастично кај оваа документарна серија е тоа што сè се одвива како во трилер-филм, рече режисерот Марк Луис.

Канаѓанецот Лука Магнота во 2014 година го призна и убиството, но неговата одбрана тврдеше дека тој има шизофренија. Осуден е на доживотен затвор.

Коронавирус