четврток, 25. април 2019. Вести денес: 11
home ТВ и Филм

ФОТО: Почна снимањето на третиот дел на „Лоши момци“

ФОТО: Почна снимањето на третиот дел на „Лоши момци“

Вил Смит и Мартин Лоренс денеска почнаа со снимање на ново продолжение на „Лоши момци“, хит комедијата од 1995 година.

– Прв ден од снимањето на третиот дел, викендов ги гледавме и првите два. Ќе биде лудо, напиша Смит под сликата од нив двајцата што ја објави на Инстаграм.

Третиот филм ќе чини 100 милиони долари, а премиерата е закажана за јануари идната 2020 година.