недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 79
home ТВ и Филм

ФОТО: Ова е првата официјална фотографија од последната сезона на „Игра на престолот“, ветува љубов која обожавателите ја посакуваа

ФОТО: Ова е првата официјална фотографија од последната сезона на „Игра на престолот“, ветува љубов која обожавателите ја посакуваа

Прегрнатите Денерис и Џон Сноу на насловната страна на „Entertainment Weekly“ навестуваат бурна финална сезона на популарната серија „Игра на престолот“.

Преостантите шест епизоди се снимени во Северна Ирска, а обожавателите ќе ја гледаат и најголемата битка во телевизиската историја.

-Се работи за ликови кои се разотидоа, па повторно се собираат за да му се спротивстават на заеднилкиот пријател, излегуваат на крај со сопственото минато и дефинираат какви сакаар да бидат кога ќе соочуваат со смртта, истакна копродуцентот Брајан Когман.

На насловната страница на ова списание, актерите Емилија Кларк и Кит Харингтон се прегрнати. Ова е првата официјална фотографија од сетот на финалната сезона.

Актерите 10 месеци ги снимаа последните шест епизоди.

Целата екипа, како што дел од нив изјавија, била опседната со тоа дека секој детал мора да биде совршен.

-Сцените кои пред пет години ги снимавме за еден месец, сега ги снимавме за пет. Сакаа се да излезе како што треба, сакаа да снимаат на секој можен начин, па имаа и многу опции, изјавил Харингтон.

Коронавирус