среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home ТВ и Филм

ФОТО: Објавен постерот за новиот Џејмс Бонд – „Не е време за умирање”

ФОТО: Објавен постерот за новиот Џејмс Бонд – „Не е време за умирање”

Долгоочекуваниот плакат за новиот „Џејмс Бонд“ филм – „Не е време за умирање” (No time to die) беше официјално објавен по повод Денот на Џејмс Бонд којшто во саботата го прославија обожавателите низ цел свет.

Во овој филм, Даниел Крејг по петти и последен пат го глуми агентот 007. Режисер на филмот е Кари Фукунага, а покрај Крејг, свои улоги ќе имаат и Ралф Фајнс, Реми Малек, Рори Кинир, Бен Вајшоу, Наоми Харис, Леа Сједо, Џефри Рајт и други.

При снимањето, коешто неодамна заврши во Италија, екипата имаше доста незгоди. Така, меѓу другото, во мај, Крејг се повреди на сетот па, проектот беше во пауза.

Филмот во најголем дел е снимен во Лондон, Велика Британија, и на Јамајка, но и во Норвешка.

Официјалниот трејлер беше објавен во август. Филмот ќе почне да се прикажува од 8 април 2020 година.