среда, 8. јули 2020. Вести денес: 260
МЕГА БОМБА

ВИДЕО: Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

home ТВ и Филм

ФОТО: Халит обвинет за вознемирување на колешка од „Забрането јаболко“

ФОТО: Халит обвинет за вознемирување на колешка од „Забрането јаболко“

Турскиот актер Талат Булут го гледаме во една од водечките улоги во турската прајмтајм сапуница “Забрането јаболко” каде го толкува богаташот Халит, за кого се кршат копјата меѓу жените во серијата, пренесува порталот ТВ ПАКЕТ.

Во серијата ги шармира неговите сопруги, но зад камерите, се испостави дека актерот не е воопшто поразличен.

Имено, пред две години, Талат беше обвинет за сексуално вознемирување од страна на костимографката Озге, која се грижи за стајлинзите на актерската екипа.

„Ја зацврстував неговата вратоврска за време на сетот. Тој ми рече да „дојдам зад сцената“ и ми ги бакна усните, по што започна да ме допира. Бев шокирана. Веднаш отидов кај продуцентите да се жалам“, рече Озге Шимшек, додавајќи дека таа ќе го тужи бидејќи„ таквите злосторства не требало да останат неказнети “.

Девојката поднесе тужба против актерот, по што се приклучи и уште една турска актерка која исто така го обвини Талат за заведување и вознемирување за време на снимањата на некој филм пред многу години. Продуцентот се заканил дека ќе го отстрани Талат и неговиот лик од овој успешен проект доколку се увиди точност на обвиненијата, но обвинителството донело пресуда во корист на 64-годишниот Талат.

Имено, обвинителството поради недостаток на докази, го ослободи актерот од обвинението, а продуцентите го вратија на снимањата.

За време на пандемијата, серијата “Забрането јаболко” е на пауза во Турција, но затоа македонските гледачи секоја вечер уживаат во сплетките и сопките на омилените ликови од светот на богатите и славните. Што следно ќе се случи во животите на Халит, Ендер, Зејнеп, Јилдиз, Зехра и Алихан, гледаме од понеделник до петок во 22 часот на Канал 5.

Парламентарни избори 2020