петок, 19. октомври 2018. Вести денес: 119
home ТВ и Филм

Филмска ѕвезда заврши во затвор поради лов на ретки антилопи

Филмска ѕвезда заврши во затвор поради лов на ретки антилопи

Индискиот суд ја осуди боливудската суперѕвезда, Салман Кан на пет години затвор за лов на ретки антилопи во 1998 година.

Судот му врачи и парична казна од 10 илјади рупии ($154) за криминалот.

Кан убил две антилопи кои се заштитени во западната држава Раџастан додека снимал филм. Уште четири негови колеги се осудени за соучесници.

52-годишниот Кан може да се жали во повисоките судови.

Додека да стигне неговата жалба, тој ќе мора да отседи барем 5 дена во затвор.