четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 159
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home ТВ и Филм

ФХ3Х учествуваше во ефектите на шест од 20 филма во трка за номинација за Оскар, утре премиера на Аквамен

ФХ3Х учествуваше во ефектите на шест од 20 филма во трка за номинација за Оскар, утре премиера на Аквамен

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на шест од вкупно 20 филмови кои се најдоа во трката за номинација на Оскарите во оваа категорија за следната година, меѓу кои е и „Аквамен“. „Аквамен“ е најновиот член на Ди-Си Комикс Универзумот филм чија премиера е закажана за утре вечер во Скопје, една недела пред светската премиера.

Аквамен е во режија на Џејмс Ван, а носителот на главната улога Џејсон Момоа има импресивен актерски тим покрај себе: Амбер Херд, Вилијам Дефо, Патрик Вилсон, Долф Лундргрен и Никол Кидман. Тие ќе ја раскажат приказната за Артур, наследникот на подводното кралство Атлантис, кој мора да ја прифати улогата на крал и да го поведе својот народ против својот полубрат Орм, чија целе е да ги обедини седумте подводни кралства против светот надвор од водата.

Според Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х и извршен продуцент, на овој проект биле ангажирани вкупно 70 артисти во периодот од мај до октомври, годинава, и се изработиле околу 200 кадри.

-Филмот е исто така еден од кандидатите за номинација за Оскар за визуелни ефекти, кој се избори да биде на листата со уште 19 други, од кои Академијата за филмски науки и уметности до крајот на декември ќе избере 10. Номинациите ќе бидат соопштени на 22 јануари 2019 година, рече Даниловски.

Инаку, покрај во Аквамен ФХ3Х беше дел и од визуелните ефекти во: “Avengers: Infinity War”
“Black Panther”, “Jurassic World: Fallen Kingdom” и “Mission: Impossible – Fallout”

Листата на филмови кои се борат за номинација за Оскар за визуелни ефекти се: “Ant-Man and the Wasp”, “Aquaman”, “Avengers: Infinity War”, “Black Panther”, “Bumblebee”, “Christopher Robin”, “Fantastic Beasts: The Crimes of Grindelwald”, “First Man”, “Incredibles 2”, “Isle of Dogs”, “Jurassic World: Fallen Kingdom”, “Mary Poppins Returns”, “Mission: Impossible – Fallout”, “Mortal Engines”, “The Nutcracker and the Four Realms”, “Paddington 2”, “A Quiet Place”, “Ready Player One”, “Solo: A Star Wars Story” и “Welcome to Marwen”.

МИА

Коронавирус