петок, 21. септември 2018. Вести денес: 68
home ТВ и Филм

Фановите во шок: Крај на „The Big Bang Theory“ по 12 сезони

Фановите во шок: Крај на „The Big Bang Theory“ по 12 сезони

Креаторите на популарната телевизиска серија „Бубалици“ (The Big Bang Theory) најавија дека дванаесеттата сезона на серијата ќе биде и последна.

– Ние секогаш ќе бидеме благодарни на фановите за нивната поддршка во изминатите 12 сезони. Заедно со актерите, сценаристите и екипата длабоко го цениме успехот на серијата и ќе се обидеме да ги направиме последните серии незаборавни за гледачите и да им дадеме епски крај, се вели во соопштението за печатот на продуцентите.

Емитувањето на последната сезона е планирано за оваа есен. Последната епизода ќе се емитува во мај следната година.