среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 171
home ТВ и Филм

Еве кога ќе стартува петтата сезона на „Преспав“

Еве кога ќе стартува петтата сезона на „Преспав“

Пансионот „Преспав“ многу наскоро ќе ги отвори вратите за своите гости во време на коронависрус, одсносно згодите и незгодите на омилените ликови од пансионот во Преспа повторно ќе бидат дел од секојдневието на верните гледачи преку ТВ екраните.

Како што информира „ТВ Пакет“, петтата сезона на првиот македонски ситком „Преспав“ ќе започне да се емитува од месец декември на МРТ 1.

Веќе е познато дека изминатиот период се работеа снимањата на новите епизоди, се бараа статисти, оживуваа новите идеи и ликови.

За потсетување, „Преспав“ во месец април имаа вонредна Ковид епизода, а како ли ќе се одвива сценариото од новите епизоди, не можеме ниту да претпоставиме.

Јасно е само дека ќе има многу хумор и смеа која ќе ни дојде како терапија во ова време на болест, страв, параноја, неизвесност, депресија…

 

 

Коронавирус