петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 159
home ТВ и Филм

Епизода од „Симпсонови“ забранета во Кина поради шега

Епизода од „Симпсонови“ забранета во Кина поради шега

Обожавателите забележаа дека, поради сцена сместена на плоштадот Тјенанмен, една епизода од „Симпсонови“ не е достапна на стрим-платформата „Дизни плус“ во Хонг Конг.

Во епизодата од 2005 година „Гу-Гу Гај Пан“, семејството Симпсон патува во Кина за да посвои бебе. Тие застануваат на плоштадот Тјенанмен во Пекинг, каде што има натпис којшто гласи: „Во 1989 година на ова место, ништо не се случи“. Ова е „горка шега“ за познатото пукање од 4 јуни 1989., кога на плоштадот, со месеци, се собираа продемократски демонстранти, а на крај Армијата, според неофицијални проценки, усмрти стотици луѓе.

Според неколку новински извештаи, таа 12. епизода од 16. сезона на серијата „Симпсонови“ не е достапна на „Дизни плус“ за корисниците во Хонг Конг.

Канцеларијата за трговија и економски развој во Хонг Конг соопшти за „Њујорк тајмс“ дека неодамна донесената регулатива за цензура се однесува на филмови, а не и на стрим-сервисите.  (МИА)

Коронавирус