среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 151
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home ТВ и Филм

Една од омилените бајки крие тажна приказна: Семејство скршено од несреќи, дознајте ја нивната судбина

Една од омилените бајки крие тажна приказна: Семејство скршено од несреќи, дознајте ја нивната судбина

Многу генерации пораснаа со „Петар Пан“, а децата ширум планетата сонуваа да ја „посетат земјата Недојдија“ со него. Меѓутоа, другата страна на оваа бајка крие тажна приказна за момчиња кои биле инспирација за ликот на Петар Пан и неговите „изгубени момчиња“.

Синоним за вечна младост и одбивање да порасне е момчето во зелен костум со зашилена капа, Петар Пан, кого  го создаде шкотскиот автор Џејмс Метју Бери. Тој стана дел од популарната култура, а приказната за неговите авантури се играше и во театар и во филм.

Сепак, помалку е познато дека авторот бил инспириран да го создаде ликот на „вечното момче“ од момчиња кои навистина постоеле.

Изгубени момчиња

-Џејмс Метју Бери првпат ги видел момчињата од семејството Левелин Дејвис во 1897 година додека шетале со неговата дадилка низ Кенсингтон Гарденс во Лондон. Тогаш петгодишниот Џорџ, една година помладиот Џек и нивниот новороден брат Питер веднаш го маѓепсале, па почнале да се гледаат секој ден и станале блиски пријатели. Нивните родители Артур и Силвија Левелин Дејвис, покрај овие три момчиња, имале уште два сина, Мајкл и Николас, попознат како Нико, пишува Vintage News.

Ликот на Петар Пан првпат се појави во 1902 година во романот на Бери „Малата бела птица“ во поглавјето наречено Петар Пан во Кенсингтонските градини. Оваа приказна почна да се прикажува на сцената две години подоцна како претставата „Петар Пан, момчето што не сака да порасне“. Претставата беше дополнета и претворена во романот „Питер Пан и Венди“ кој беше објавен во 1911 година, во кој се појави и капетанот Кук, „Изгубените момчиња“, и браќата на Венди…

Децата го сакаа „Вујко Џим“, како што го нарекуваа Бари, а тој ги забавуваше со измислени приказни, на кои подоцна ќе ги базира авантурите на најпознатото „вечно момче“.

Семејство скршено од несреќи

Сепак, семејството Дејвис доживеало голема трагедија во 1907 година, кога таткото на момчето Артур починал од рак на коските. Авторот на Петар Пан тогаш многу ѝ помогнал на Силвија, но и таа по три години се разболела од рак и починала.

Така момчињата останале под грижата на Бари, кој бил речиси единствен нивни старател. Во тоа време бил добро ситуиран писател, па финансиски ги издржувал момчињата и им обезбедувал „покрив над глава“ додека не се осамостојат.

Иако останале без родители, се чинело дека сепак им е обезбеден пристоен живот покрај семејниот пријател кога го сакаа, но тогаш нова трагедија ги погодила браќата Левелин Дејвис.

Најстариот Џорџ се пријавил како доброволец во британската армија за време на Првата светска војна, а во 1915 година го загубил животот на бојното поле на 21-годишна возраст.

Шест години по ова, несреќно починал и Мајкл Левелин Дејвис, кој се удавил заедно со својот најдобар пријател, за кој се шпекулираше дека е негов љубовник, во Оксфорд. Многумина мислеа дека неговиот лик е најголемата инспирација за Петар Пан, па не е чудно што Бари бил особено погоден од неговата смрт.

Џон Левелин Дејвис починал во 1959 година на 65-годишна возраст, додека неговиот брат Питер се самоубил следната година. Цел живот се борел со „идентификувањето со Петар Пан“ и тоа што го нарекувале така каде и да се појави, па подлегнал на притисокот и скокнал под возот.

Од петте браќа Дејвис, најдолго живеел најмладиот Нико, кој починал на 77-годишна возраст во 1980 година.

Џејмс Метју Бери почина од пневмонија на 19 јуни 1937 година на 77-годишна возраст и се откажа од авторските права на „Петар Пан“ во болницата.

Коронавирус