среда, 19. септември 2018. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Ѕвездата се враќа во Македонија… но, која?

Ѕвездата се враќа во Македонија… но, која?

Деновиве низ социјалните мрежи, повеќе јавни личности, пејачи, актери, стилисти, градски фаци и инфлуенсери постираат мистични фотографии…

Заедничко за нивните постови на Фејсбук и Инстаграм е што тие држат ѕвезди во различни бои во своите раце и пишуваат дека одредена ѕвезда се враќа повторно во Македонија!?

Интересно е што сите се воздржуваат од коментар и не кажуваат за која ѕвезда точно станува збор. За сега, Андреј и Панчо од ДНК, Елена Ристеска, Симона Поповска, Дино Захов, Антонија Гиговска, Милена Антовска, Александар Тарабунов и многу други одбиваат да кажат нешто повеќе.

Заедничко за сите нив е што очигледно сите заедно најавуваат некоја ѕвезда која веќе била присутна кај нас… во меѓувреме секојдневно се зголемуваат јавните фаци, кои постираат вакви фотографии, а деновиве се појави и телевизиско видео со истата соддржина: „Ѕвездата, повторно се враќа во Македонија“.

Очигледно дека наскоро истите тие и ќе обелоденат за која ѕвезда станува збор…? А, нам ни останува да почекаме!