недела, 18. август 2019. Вести денес: 43
home ТВ и Филм

Џои конечно популарен, Моника и Чендлер се разведуваат: Трејлерот за „Пријатели“ предизвика лудило меѓу фановите (ВИДЕО)

За десет дена овој неофицијален трејлер за "Пријатели" бил прегледан повеќе од 3,7 милиони пати.
Џои конечно популарен, Моника и Чендлер се разведуваат: Трејлерот за „Пријатели“ предизвика лудило меѓу фановите (ВИДЕО)

Неофицијалниот, или како што велат некои, лажниот трејлер за филмот „Пријатели”, направил вистински хаос на интернет.

Во снимката од 3 минути, кој ја ја објавил “Smasher”, можеме да ги видиме ѕвездите од оваа хит серија повторно заедно. Во овој трејлер дознаваме дека Моника и Чендлер се пред развод, дека Џои е успешен актер.

Исто така, Рејчел и Рос се наоѓаат во проблеми и со години не се заедно. Фиби и Мајк мака мачат со својот брак и не им оди добро. Децата на Рос, Ема и Бен, се веќе големи и одат во училиште.

За десет дена овој неофицијален трејлер за “Пријатели” бил прегледан повеќе од 3,7 милиони пати.

Потсетуваме, последната епизода на “Пријатели” беше емитувана во 2004. година.