вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 84
home ТВ и Филм

Џенифер Анистон открива: Момците не сакаат продолжение на „Пријатели“

Џенифер Анистон открива: Момците не сакаат продолжение на „Пријатели“

Говорејќи за потенцијалното продолжение на „Пријатели“, актерката Џенифер Анистон изјавила дека шансите за тоа се мали бидејќи момците од екипата не биле толку заинтересирани за повторно соединување на екипата.

Актерката за време на едно гостување во тв емисија рекла дека Мет Лебланк, Дејвид Швимер и Метју Пери биле неодлучни кога станува збор за повторување на улогите на Џои, Рос и Чендлер.

-Девојките секогаш зборуваа дека би работеле повторно, додека момците, од некоја причина, се помалку возбудени по тој повод. Не знам зошто, вели актерката.

Анистон додава дека токму затоа таа и нејзините колешки од серијата, Лиса Кудроу и Кортни Кокс одлучиле да направат римејк под името „Златни девојки“.

Мет претходно објаснил зошто не сака враќање во култната серија.

-Разбирам дека луѓето сакаат да не видат обединети, но серијата следи одреден период од животот, кога тие имаат меѓу 20 и 30 години, навел тој.

Серијата „Пријатели“ е емитувана во 10 сезона, кои излегле во период од 1994 до 2004 година, а многу популарна е и денес. Нетфликс неодамна плати 100.000 долари за да ја задржи серијата на својот сервер.