среда, 22. август 2018. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Џ.К. Ролинг го подготвува сценариото за „Фантастични ѕверки 3“

Џ.К. Ролинг го подготвува сценариото за „Фантастични ѕверки 3“

Британската писателка Џ. К. Роулинг го пишува сценариото за третиот од засега планираните пет филма од приказната „Фантастични ѕверки“, којашто всушност е претпродолжение на светски популарниот серијал книги „Хари Потер“.

– Штотуку го завршив мојот последен роман, а сега го пишувам сценариото за „Фантастични ѕверки 3“. Ворнер Брос, како и режисерот Дејвид Гејтс секогаш слушаат што имам да кажам, иако тоа не мора да биде последниот збор. Сето тоа е колективна работа, изјави Роулинг

Премиерата на „Фантастични ѕверки 2: Злосторствата во Гринделволд“ е предвидена за 16 ноември оваа 2018 година.

МИА