петок, 18. септември 2020. Вести денес: 133
home ТВ и Филм

Двејн Џонсон е најплатениот холивудски актер

Двејн Џонсон е најплатениот холивудски актер

Двејн Џонсон, некогаш професионален борач а сега филмска ѕвезда, е на врвот на листата на најплатени актери во светот втора година по ред.

Магазинот Форбс во вторникот ја објави долгоочекуваната листа на најплатени машки актери за изминатата година, а предводник на листата е Џонсон со заработка од 87.5 милиони долари.

Џонсон, познат и по неговиот прекар од боречкиот ринг The Rock, заработил 87.5 милиони долари од 1 јуни 2019 до 1 јуни 2020 година, соопшти „Форбс“, вклучително и 23.5 милиони долари од „Нетфликс“, за да глуми во трилерот Red Notice.

Тој исто така има профит од неговата линија за фитнес облека Project Rock за компанијата Under Armor Inc.

Рајан Рејнолдс, кој глуми со Џонсон во Red Notice, се најде на второто место на ранг-листата на престижниот „Форбс’ на машки sвезди. За тој филм Рејнолдс заработил 20 милиони долари, плус уште 20 милиони долари за филмот на „Нетфликс“, Six Underground, тврди магазинот и додава дека тоа е дел од вкупно 71.5 милиони долари за период од една година (јуни 2019/јуни 2020).

Коронавирус