понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 87
home ТВ и Филм

Два часа страв и ужас: Ѕирнете во најморничавиот хорор на деценијата (ВИДЕО)

Двеминутниот трејлер докажува зошто публиката во Санденс била преплашена.
Два часа страв и ужас: Ѕирнете во најморничавиот хорор на деценијата (ВИДЕО)

После премиерата на Филмскиот фестивал во Санденс, хоророт Hereditary е прогласен за „најлудиот и најморничав хорор во последниве години“, опишан како „два часа страв и ужас“.

Филмот до крајни граници ја доведува претпоставката дека од своите родители наследуваме некои лоши навики.

Тони Колет ја глуми главната улога на жена која се бори со демоните од своето младо семејство, вистински и метафорички, после смртта на својата мајка Елен.

Двеминутниот трејлер докажува зошто публиката во Санденс била преплашена. Обезглавени птици, демони и застрашувачки деца се само дел од арсеналот на ефекти со кои се доловува чувство на ужас кое ја леди крвта во вените.