вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 67
home ТВ и Филм

Ди Каприо и Де Ниро повторно заедно

Ди Каприо и Де Ниро повторно заедно

Холивудските актери Леонардо Ди Каприо и Роберт Де Ниро, по 23 години повторно ќе снимаат заедно. Станува збор за филмот на режисерот Мартин Скорсезе, Killers of the Flower Moon.

Последен пат глумците снимаа заедно пред 23 години во филмот „Животот на ова момче“. Ди Каприо го претстави Де Ниро на доделувањето на наградата за животно признание на американското Здружение на филмски глумци.

Дикаприо пред да му ја додели наградата, во говорот се осврна на нивната меѓусебна соработка со режисерот Мартин Скорсезе, кој во минатото ги режираше големите филмски остварувања како „Таксист“ и „Разгневениот бик“, додека нивното последно дело „Ирец“, годинава е номиниран за Оскар.