сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 31
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ на протест пред Регулаторната комисија за енергетика против поскапената струја

home ТВ и Филм

Деталите за новиот Бонд филм ќе бидат откриени денеска

Деталите за новиот Бонд филм ќе бидат откриени денеска

Местото на снимање и глумците во најновиот, 25-ти филм за Џејмс Бонд, ќе бидат објавени денеска на официјално претставување во пресрет на почетокот на снимањето.

Досега, малку се знае за новото остварување на режисерот Кери Јоџи Фукунага, но во пренос во живо на повеќе социјални мрежи, денеска филмската екипа ќе ги открие сите подробности.

Гласините говорат дека главната улога на 007 агентот за последен петти пат му припаднала на Дениел Крејг. Тој го глумеше Џејмс Бонд и во „Казино Ројал”, „Зрно Утеха”, „Операција Скајфол” и „Спектар”.

За Рами Малек пак, ѕвездата од „Боемска Рапсодија” се говори дека ќе го глуми главниот негативец.

Снимањето на филмот би требало да почне веќе кон крајот на овој месец.

Коронавирус