понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Дејвид Бекам преговара за свое готварско шоу

Дејвид Бекам преговара за свое готварско шоу

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам има намера да води своја готварска емисија. Преговорите сè уште се во тек, но првичните податоци говорат дека неговиот проект е во соработка со Би-би-си и Нетфликс и со продукциската куќа Студио 99.

Идејата за новото шоу на пензионираниот фудбалер, како што вели, му дошла за време на самоизолацијата поради корона-пандемијата. Семејството Бекам од дома често знаеше пред своите обожаватели да ги покаже своите вештини во домаќинството и во кујната.

Дејвид (45), наводно, веќе се сретнал и со познатиот британски ТВ-готвач Гордон Ремзи, „заради вредни совети“ околу неговиот претстоен проект.

Коронавирус