сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 20
home ТВ и Филм

Дефне од „Вљубениот ерген“ не смее да оди на плажа

Дефне од „Вљубениот ерген“ не смее да оди на плажа

Популарната турска актерка Елчин Сангу или попозната како Дефне од хит серијата „Вљубениот ерген“, моментално работи на нов проект, односно снима нова серија.

Таа во филмот има улога на вампирка, а токму поради тоа што треба да изгледа бледо, каква што е и природно, мора да почитува одредени правила.

Имено, режисерот на серијата и забранил ова лето да се појавува на сонце, особено на плажа за да не потемни нејзиниот тен и да биде достојна вампирка за улогата.

Инаку, по завршувањето на „Вљубениот ерген“ таа го снимаше играниот филм насловен „Време за среќа“ каде глумеше со Бариш Ардуч, а имаше улога на вајарка.

vistina.mk