среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 124
home ТВ и Филм

Даниел Крег повеќе нема да биде Џејмс Бонд: Кој ќе го замени?

Даниел Крег повеќе нема да биде Џејмс Бонд: Кој ќе го замени?

Британскиот актер Даниел Крег по петти и последен пат е во улогата на тајниот агент 007, а сè уште не е одлучено кој ќе го замени.

Сепак, во медиумите се огласи поранешниот Џејмс Бонд, актерот Пирс Броснан кој предложи име на идниот таен агент, замената за Даниел Крег. Станува збор за Том Харди, ѕвезда на серијата „Taboo“ и филмот „Mad Max: Fury Road“.

„Мислам дека Том Харди би можел да биде добар Бонд. Би сакал да го видам во таа улога“, изјави Пирс за Daily Mail.

Претходно имаше гласини дека следниот Бонд би можел да биде жена, но продуцентот на филмот го демантираше тоа. Барбара Броколи изјави дека дефинитивно ќе биде маж.

Таа верува во создавање на силни женски ликови.

„Не сум особено заинтересирана за тоа да преземам машки лик и да ја дадам таа улога на жена. Мислам дека жените се далеку поинтересни од тоа“, изјави Броколи.

Неодамна е објавен вториот трејлер за најновиот Бонд филм, дваесет и петти по ред, во кој за последен пат го гледаме Даниел Крег како агентот 007.

Коронавирус