понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 59
home ТВ и Филм

Дали се сеќавате на “трикот” на Џокер со пенкалото? Еве како го извеле без специјални ефекти!

Дали се сеќавате на “трикот” на Џокер со пенкалото? Еве како го извеле без специјални ефекти!

Многумина сметаат дека Хит Леџер е најдобриот Џокер во историјата на филмовите за Бетмен досега, а сите секако се сложуваат дека тој фантастично ја одигра оваа улога.

Можеби се сеќавате на сцената од првиот дел од сагата на Кристофер Нолан за Бетмен – “The Dark Knight” (2008) кога Џокер доаѓа во подрумот помеѓу собраните мафијаши?

“Што велите за еден магичен трик? Ќе направам ова пенкало да исчезне”, им вели тој на собраните криминалци, а потоа му ја забива главата на мажот кој приоѓа да го совлада – директно на пенкалото. “Та-да, исчезна”, вели Џокер во сцената.

Чарлс Џарман е актерот кој му помогнал на Џокер да го изведе овој трик, а открил дека многу било лесно и возможно да загине во текот на оваа сцена бидејќи немало специјални ефекти – на него останало да го тргне пенкалото пред Леџер да му ја мавне главата од масата.

“Направивме неколку побавни проби од тој маневар со цел што побрзо и подобро да го тргам пенкалото со десната рака додека во истовреме телото ми оди надолу и главата ми удира во празна површина. Беше ризично бидејќи пенкалото беше забодено во масата. Од некоја причина, доколку не успеав да го тргнам навреме, не би го воделе овој разговор сега”, истакнал актерот.

Улогата на Хит Леџер во филмот е помеѓу неговите последни улоги, бидејќи актерот набрзо потоа се предозираше со лекови.

“Седев во хотелска соба во Лондон, заклучен, околу еден месец. Направив мал дневник и експериментирав со гласовите – беше важно да го пронајдам тој култен глас и смеа. Завршив во светот на психопатите, некој кој има многу малку или воопшто нема свест кога се во прашање неговите дела”, изјавил Хит за “Empire” во врска со неговите припреми за улогата на негативецот.