недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Бред Пит и на 55 години е фатален заводник (ФОТО+ВИДЕО)

Бред Пит и на 55 години е фатален заводник (ФОТО+ВИДЕО)

Бред Пит не се нашол на насловните страни на некој магазин уште од 2017 година, кога светските медиуми ја пренесуваа веста дека се разведува од Анџелина Џоли, но сега, таа неправда е исправена и тоа на спектакуларен начин.

Ако нешто ви го разубави сивиот септемврски ден, тоа секако дека се новите фотографии од холивудскиот шармер, кои настанале како дел од едиторијалот за октомвриското издание на познатиот магазин „GQ”.


Пит се фотографирал во различна гардероба и на различни места, во ретро издане, покажувајќи дека од младоста скоро воопшто не се променил, само добил на зрелост и мажественост.