понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 4
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home ТВ и Филм

БРАВО: „Медена Земја“ влезе во трката за Оскар

БРАВО: „Медена Земја“ влезе во трката за Оскар

Конкуренција на нашиот филм во оваа селекција му се новиот филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар „Болка и слава” и јужнокорејскиот „Паразит”.

Македонскиот документарец „Медена Земја“, денеска официјално влезе во трката за Оскар, со тоа што е номиниран да го освои најпрестижното филмско достигнување и тоа во две категории – Најдобар документарен филм и најдобар странски филм, што ќе биде прв таков успех на некое остварување од Македонија.

Конкуренција на нашиот филм во оваа селекција му се новиот филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар „Болка и слава” и јужнокорејскиот „Паразит” на Бонг Јон-хо – минатогодишниот добитник на „Златна палма”, и уште седум филмови од Чешка, Естонија, Франција, Унгарија, Полска, Русија и Сенегал.

Во категоријата најдобар документарец, филмот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е меѓу 15 селектирани од 159 квалификувани, а во категоријата за најдобар интернационален филм е во потесниот избор во кој влегоа десет наслови од 91 пријавен.

Доделувањето на Оскарите е закажано на 9. февруари, а македонскиот документарец веќе освои бројни награди ширум светот.

Коронавирус