понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 62
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home ТВ и Филм

Бизарно ТВ шоу: Мажи се натпреваруваат кој ќе ѝ направи дете на оваа жена

Бизарно ТВ шоу: Мажи се натпреваруваат кој ќе ѝ направи дете на оваа жена

Дури 15 мажи се натпреваруваат кој ќе ѝ направи дете на 40-годишната жена во новото шоу на “Fox” – “Labor of Love”.

Шоуто го води Кристин Дејвис, најпозната по улогата на конзервативната Шарлот во серијата “Sex and the City”. Главната протагонистка е Кристи Кацман која сака да има дете пред да ѝ отчука биолошкиот часовник, а моментално е разведена.

 

View this post on Instagram

 

Wondering what it’s like to have Kristin Davis as a BFF? (Spoiler: it’s exactly as amazing as you think! ❤️) Check out our new promo on my Facebook page and tune in May 21 when @LaborofLoveFOX premiers on @foxtv!!! 🍾🥂#LaborofLove • • • • • #fierce #unstoppable #motherhood #shemeansbusiness #LaborofLove #herbusiness #bossbabetribe #creativechics #dreamersandoers #femaleentrepreneur #girlbosses #bossbabesquad #hersuccess #womenintheworld #sisterhoodovercompetition #thisgirlmeansbusiness #womensupportingwomen #sayyestosuccess #womenwithambition #womenwholead #lifesgreatestadventure #myjourney #femaleempowerment #women #bossbabe #goafteryourdreams #makeithappen #gobigorgohome #themodernmamanista #FOXtv

A post shared by Kristy Katzmann (@kristykatzmann) on

Како што вели таа, по годините во кои на прво место ја ставала својата кариера, сака да го пронајде мажот на својот живот, но уште поважно – таткото на своето дете.

“Само што наполнив 40 години и сум разведена. Се обидував да се снајдам на состаноци бидејќи сакам да основам семејство, но времето не е на моја страна. Мислам дека многу жени ќе се поистоветат со мојата приказна”, вели Кристи.

Со оглед дека резултатот на шоуто треба да биде бебе, јасно е зошто истото е поконтроверзно од повеќето слични емисии во кои се бара партнер.

Првата епизода започнува со донирање на сперма. Додека мажите чекаат на ред да ја наполнат чашката, Дејвис им објаснува дека нивната сперма ќе се анализира за да се провери нивната плодност, а од тоа зависи дали ќе останат во шоуто или не.

Продуцентката на “Labor of Love”, Лорен Гирион, признала дека мажите не знаеле дека ќе треба да донираат сперма сè додека Кристин Дејвис не им го соопштила тоа пред камерите.

Освен тоа, тие ќе мора да покажат како се снаоѓаат со деца, ќе менуваат пелени, ќе внимаваат на просторија полна со деца, а ќе бидат приклучени и на апарат кој симулира породилни болки.

 

View this post on Instagram

 

Today’s the big day! Awkward moment? Or just plain AWESOME!? Find out why @iamkristindavis and I are facing off with the men when @laboroflovefox premiers tonight on Fox 9/8c. Trust me, you don’t want to miss this!!! 🍾🥂 • • • • • #fierce #unstoppable #motherhood #shemeansbusiness #LaborofLove #herbusiness #bossbabetribe #creativechics #dreamersandoers #femaleentrepreneur #girlbosses #bossbabesquad #hersuccess #womenintheworld #sisterhoodovercompetition #thisgirlmeansbusiness #womensupportingwomen #sayyestosuccess #womenwithambition #womenwholead #lifesgreatestadventure #myjourney #femaleempowerment #women #bossbabe #goafteryourdreams #makeithappen #gobigorgohome #themodernmamanista #FOXtv

A post shared by Kristy Katzmann (@kristykatzmann) on

“Еден од моите најголеми стравови беше дека нема да постои маж кој го посакува ова. Мислам дека вистинскиот тест беше анализата на спермата штом ме запознаа”, искоментирала Кацман.

Таа додала и дека ѝ е најтешко секоја недела да испраќа по еден маж дома.

Коронавирус