сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 66
home ТВ и Филм

„Бесплатната голотија“: Остри критики за новиот филм со Емили Ратајковски и Натали Дормер (ВИДЕО)

„Бесплатната голотија“: Остри критики за новиот филм со Емили Ратајковски и Натали Дормер (ВИДЕО)

Новиот филм „In Darkness“, со Натали Дормер (позната по ТВ серијата „Игра на престолите“) и манекенката Емили Ратајковски во главните улоги, предизвиика негативен одѕив меѓу критичарите поради „бесплатната голотија”, како што некој од нив ја нарекуваат голотијата без причина, пишува „Есквајр“.

Се работи за трилер, за кој „Холивуд Рипортер“ ќе напише дека има „генеричка приказна”, но и „храбри стилистички механизми”, како што е пресекот на сцени од религиско измивање со снимки од главниот женски лик под туш.

„Рогереберт“ филмот го нарече садистички, а „Гардијан“ – „крими-ѓубре кое наоѓа фетиши насекаде”. Главната глумица, Натали Дормер не се согласува со критиките.

– Мора да има сексуалност во трилер за надмоќноста. Сите ние сме телесни суштества. Во филмот, сцените со секс, односно со  водење љубов, метафората е начин – мојот лик да се поврзе со машкиот лик, рече таа за „Гардијан“.

Коронавирус